„Владата наместо да им се заканува на наставниците да ги покачи платите согласно барањата на СОНК. Владата мора да го нивелира коефициентот на сложеност на работните места во образованието со минималната плата и да изврши зголемување на платите“, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да ги исполни оправданите барања на наставниците СДСМ преку нивните пајташи им се заканува и ги нарекува убијци.
Заканувачките графити на образовен објект во општина Ѓорче Петров покажува само колку власта е исплашена, и мисли дека со закани може да купи мир.
Наставниците не заслужуваат закани и притисоци, бидејќи тие се еден од столбовите на ова и секое општество. Затоа ги повикуваме и ОБСЕ и меѓународната заедница да ги осудат ваквите притисоци и закани“, додаваат утрово од Белата Палата.