Јаким Неделков, претседател на СОНК, изјави дека не ја прифаќаат усната понуда на Владата на РСМ за 10 отсто зголемување на платите на просветарите и поради тоа штрајкот ќе продолжи.
– Владата на РСМ на последната средба со советот на СОНК понуди на вработените во дејностите детска заштита, основно и средно образование, зголемување на платите од 10 проценти, за кој Советот расправаше денес, а врз основа на изјаснувањата на повеќе од 500 синдикални организации од овие дејности. Ја информираме јавноста дека над 95 отсто од синдикалните организации се изјаснија за отфрлање на дадената усна понуда, изјави Неделков.
Тој додаде дека членовите на СОНК реагираат на несериозниот пристап на надлежните кои речиси 2 месеци преговараат со претставници на СОНК, а реално не даваат никаков предлог.
Членовите на СОНК констатирале и дека ваквиот пристап од страна на Владата не оди во правец на брзо решавање на проблемот и прекинување на штрајкот.
– Зголемувањето на платите во детстака заштита, основното и средното образование воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата оваа година и не е соодветно за враќање на достоинството на професијата, посочи Неделков.