Влада за извештајот на „Фридом Хаус“: Изминатите 5 години успeавме да ја вратиме слободата во општеството и вербата во институциите

од Берта Китинска
230 прегледи

Во најновиот извештај на „Фридом Хаус“, Северна Македонија сè уште е во категоријата на хибридни режими или влади во транзиција која се уште нема промени во својот учинок.

Според Владата извештајот опфаќа дел од периодото пред да се оформи владата предводена од СДСМ, додавајќи дека во изминативе 5 години власта успеала да ја врати слободата во општеството и вербата во инстутциите.

-Мора да се нагласи дека овој извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа дел од периодот пред 2017 година пред формирањето на Влдата предводена од СДСМ кога сите бевме сведоци дека имавме сериозни назадувања во политичките процеси. Предавањето на власта и во справувањето со корупцијата, вели за „Локално“ портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Тој појасни дека РСМ продолжува да се гради како слободно демократско општество.

-Во изминатите 5 години владата успea да ја врати слободата во општеството и вербата во институциите и да ја зајакне меѓу себата граѓанска почит РСМ, продолжува да гради слободно демократско општество на кое на прво место се почитувањата и заштитата на правата на секој граѓанин. Тоа се гледа и од подобрениот рејтинг на владеењето од извештајот кој од 2, 25 е зголемен на 2, 50. Доплнитело РСМ е посочена дека го има задржано либералниот демократски развој во 2021 година, кажа Арсовски.

Според најновиот извештај на „Фридом Хаус“, повеќето од седумте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) сè уште се во категоријата на хибридни режими или влади во транзиција, освен Хрватска, која се означува како „полуконсолидирана демократија“.

Моментално, вкупно 11 држави се категоризирани како хибридни режими во извештајот „Нации во транзиција“.

Делот од извештајот во кој се споменува Западен Балкан покажува дека четири земји – Албанија, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија, севкупно стагнираат.
Кога станува збор за Албанија и Северна Македонија – нема промени во нивниот учинок.Севкупното рангирање на земјите од Западен Балкан е следниов: Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово.

Во однос на минатогодишниот извештај на „Фридом хаус“, Србија, според критериумите на организацијата, по учинок ги надминаа Црна Гора и Северна Македонија.

На скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Северна Македoнија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3,25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција.

Генералната оценка за демократски прогрес за земјава изнесува 3,82 или 47 проценти.Земјата од Западен Балкан што постигнала најголем напредок во 2021 година е Косово – во сферата на демократското владеење на национално ниво и судството.Се наведува дека Косово не забележало назадување во ниту една од областите кои „Фридом Хаус“ ги зема како критериуми во извештајот.

Слични содржини