СДСМ: Милошоски се прави како да не е од тука, ова сте вие поддржувачите на делото на Ванчо Михајлов

од Берта Китинска
195 прегледи

Антонио Милошоски се прави како да не е од тука како да не следел што се случува.Социјалните мрежи и медиумите се преполни со фотографии на кои се гледа како еден од основачите на клубот Ванчо Михајлов е во друштво на Христијан Мицкоски и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека на фотографијата се гледа како основачот на клубот носи маичка бреднирана токму со името на Антонио Милошоски.

-ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишниот режим потроши стотици милиони евра за да ја ретушира македонската историја и да го девалвира значењето на НОБ и затоа оваа партија во којашто ништо не е променето нема кредибилитет да зборува, посочуваат од владејачката партија.