Од ова на денешната прес конференција на СОНК, произлегува дека со цитирање на членови од Колективен договор кои не содејствуваат со реалната состојба, и кои се однесуваат на услови на штрајк кога се прекршени работнички права и кои не се однесуваат на детската заштита(градинките), СОНК ги става во заблуда штрајкувачите во градинките и образованието, велат од Министерството за труд и социјална политика после денешната прес-конференција на СОНК.
Според МТСП, со одлуката за продолжување на штрајкот СОНК повторно ги става личните интереси пред интересите на децата и учениците.
-Затворените градинки и училишта не носат ништо добро за учениците и децата, ниту за родителите кои не можат да ги згрижат своите деца во градинките. Ги повикуваме СОНК уште еднаш да си ја преиспитаат одлуката и да го почитуваат правото на децата за пристап до образование, како и непречено одвивање на дејноста згрижување и воспитување на децата.