СДСМ: Од „Белата палата“ зборуваат за задолжување, а 11 години фрлаа пари за споменици и фасади од стиропор

од Nikola Popovski
244 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за задолжување, тоа е истата партија, која 11 години ги задолжуваше граѓаните да гради споменици, фасади од стиропор, што се распаѓаат, да ја изгради луксузната Бела палата, како центар за ширење лажни вести, за богатење на партиското раководство на сметка на осиромашување на граѓаните, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владеачката партија, „немаме за леб а трошиме за чоколадо“ е добро познатиот односот на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните.

-За разлика од времето на режимот денес парите завршуваат кај граѓаните. Минималната плата е покачена во три наврати, од срамно ниското ниво под 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ на 18.000 денари, континуирано расте просечната плата, социјалната помош е зголемена за 300 отсто.

Со укинување на стапката за ДДВ за основните прехранбени производи, намалување на ДДВ и акцизата за горивата, со субвенционирање на цената на електричната енергија се амортизира ценовниот шок. СДСМ работи во интерес на народот, парите, не ги вложува во жални врби и панорамски тркала, туку ги враќа кај граѓаните, во семејните буџети, порачуваат од СДСМ.

Кочоска денеска изјави дека најавите за ново задолжување од владата ќе ја фрли Македонија на колена. Со вакво темпо на задолжување, според неа, вкупното задолжување коешто го направи оваа влада за период од 6 години го надмина 10 годишното задолжување на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини