ПЕКОЛЕН МАЈ за 3 знаци од Зодијакот: „Турбулентен период на работа и финансиски тешкотии!“

од Vladimir Zorba
644 прегледи

Додека за некои знаци од Зодијакот мај ќе биде исклучително успешен на сите полиња, некои следниот месец ќе гледаат во празен паричник.

Астролог открива кои припадници на хороскопски знаци треба да очекуваат финансиска криза во следниот месец.

Еве за кој се работи:

Шкорпија

Иако стојат цврсто на земја и не се склони кон ризични потфати, советот до Шкорпиите е да не заглавуваат во мај и да не трошат пари непотребно. Можни се неочекувани загуби, неочекувани трошоци, затоа е најдобро да штедите и да бидете подготвени. Можно е следниот месец да ја промени кариерата. Совет е да се намалат трошоците.

Рак

Претставниците на овој знак имаат еден голем недостаток – сакаат премногу да трошат пари. За жал, во мај ќе треба да се соберат и да го ограничат купувањето на непотребни работи. Голема е веројатноста да имаат некакви дефекти во домаќинството, што дополнително ќе им ја „исцеди“ касата… Во никој случај не земајте кредит овој месец, ќе западнете во долгови од кои тешко ќе се извлечете.

Риба

Водните знаци на Зодијакот секогаш имаат две крајности – или ги трошат сите пари што им останале на страна или штедат до граница на инает, дури и таму каде што нема потреба. Советите на астролозите во мај е да не ја „таманат“ својата заштеда ни под разно, како и да се грижат за домашните апарати, да не ги оставаат вклучени за да не изгорат.

Слични содржини