СДСМ: Мицкоски и на верски празник шири невистини и ја плаши јавноста

од Nikola Popovski
330 прегледи

СДСМ реагира дека лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски и на верски празници шири невистини и неосновано ја плаши јавноста, со што ги поткопува државните позиции.

-Нема да има никава асимилација на македонскиот народ, ниту граѓаните ниту СДСМ тоа ќе го дозволат.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Ова е идентично однесување на Мицкоски кој лажеше дека државата ќе ни се распрачела, кој пред Бојко Борисов велеше дека „го поткрепа“ Договорот.

Истиот тој Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека ќе се населеле еден милион мигранти, дека со Законот за јазиците секој ќе мора да учи друг јазик и што ли уште не, стои во соопштението од партијата од „Бихаќка“.