Пендаровски му честиташе на Макрон: Победа во време кога проевропскиот избор е навистина значаен

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски му честиташе синоќа на Емануел Макрон за победата на претседателските избори во Франција.

„Оваа победа се случува во време на предизвици кога проевропскиот избор е навистина значаен. Се надевам ќе продолжиме со соработката за прашањата кои ги зближуваат нашите земји и народи“, истакна Пендаровски.