Обезбедени се снимките од надзорните камери од местото на инцидентот во Чаир

од Берта Китинска
186 прегледи

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Чаир, каде во инцидент со огнено оружје едно лице беше лишено од живот, а двајца беа повредени.

Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти.

Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe.​

Слични содржини