Ги знаете договорените точки од двете страни. Нашето членство во текот на денот одржа средба, се изјасни околу предлозите на Владата и ги сумиравме резултатите. Од вкупно 480 синдикални организации, 388 се за продолжување на штрајкот од утре, а само 83 за прекин. Најголем дел од овие за прекин се синдикалните организации од детската заштита. Согласно на тоа, Советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот продолжува и утре се додека не се најде заедничко решение, информира претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Во однос на градинките, Советот на СОНК одлучил штрајкот во градинките да биде во мирување.
-Ќе продолжат да работат со нормален интензитет, од аспект на дечињата, нивните родители и стопанството. Ќе се отворат вратите на градинките. Исто така најавуваме голем масовен протест пред Владата во среда на 4-ти мај во однос на резултатите од преговорите. Советот на СОНК жали за прекинот на наставата и пропуштеното, истовремено бараме и разбирање и поддршка од сите засегнати, кажа Неделков.
Тој уште еднаш повтори дека пропуштената настава ќе се надополни.