СДСМ: Нема да дозволиме никогаш да се повтори 27 април

од Берта Китинска
201 прегледи

Заедно со граѓаните СДСМ нема да дозволи никогаш да се повтори 27 април и нема да дозволиме да се заборави.27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, велат од СДСМ за насилниот инцидент кој се случил на 27 април 2017 година

-Вооружени насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија.Тие насилници беа поддржани со присуство пред Собранието и лично од страна на Христијан Мицкоски.27 април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија во која и после 5 години нема никаква промена, соопштија од владејачката партија.