Македонски културен центар во Бугарија до крајот на годината, информира Османи

од Nikola Popovski
259 прегледи

Имаме еден културен центар во Софија и според нашите проценки, можеме да отвориме во било кој друг град, кој што би го финансирала владата. Секако мораме прво да испратиме барање и да го известиме бугарското Министерство за надворешни работи. До крајот на годината би можело да се реализира, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи околу евентуалното отворање на македонски културен центар во Благоевград.

Според него, историчарите треба да бидат прашани за името на тој центар.

-Ковачевски ќе комуницира со премиерот Петков, изјави Османи во емисијата „Клик плус“.

Околу можното отворање на Уставот и внесување на Бугарите, министерот смета дека е созревање на процесот.

-Тоа е најдоброто вин-вин во оваа дебата. Сепак тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со ЕУ. Ако нема решение скоро, мислам се помалку енергија и политички капитал за да се преземе одговорност и да се влезе храбро, додаде шефот на македонската дипломатија.

Слични содржини