Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ објасни дека ниту една македонска влада не може да прифати како Бугари да влеземе во ЕУ, затоа што свеста, идентитетот и целата шароликост на идентитетот на еден народ, не се менуваат на тој начин и не можат да се променат.
-Ние знаеме кои сме и што сме. Влегуваме со поголема самодоверба во процесот. Дали некои структури во Софија имаат таква замисла или некои поисточно од тука не знам, меѓутоа ние сме сигурни тоа не може да биде ефект на преговорите. Ние не сме нација која што е вештачки изградена, за да може вештачки да се поништи. Јас мислам, но и сите граѓани дека влегуваме во процесот со самодоверба дека знаеме кои сме и што сме и наш интерес е да бидеме земја членка на ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а не нешто друго, вели Маричиќ во емисијата „360“.