Експертизата на ВМРО-ДПМНЕ се криминалот и корупцијата.Тоа е потврдено со бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број функционери од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека пред судовите треба раководството на ВМРО-ДПМНЕ да дава своја експертиза.
-ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно однесување, Мицкоски ја покажува својата немоќ и безидејност.Избори ќе има во 2024 година и тоа е затворено прашање, велат од владејачката партија.