Маркоска: Грижата за работниците не е само зголемување на платите, туку и унапредувањето на работничките права

од Vladimir Zorba
298 прегледи

„Овој ден е добра можност да се потсетиме на она што СДСМ преку инситуциите го прави за нашите работници, за нашата домашна економија. Вложувањето во човечкиот капитал уште од првите недели од владеењето на СДСМ е врвен приоритет“, вели Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ, во честитката по повод 1.мај.

„Преку отворен и инклузивен дијалог, за само четири и пол години минималната плата успеавме да ја зголемиме двојно.

Ако минималната плата во 2017 во поедини дејности изнесуваше 8.800 денари, денес тааизнесува 18.000 денари во сите дејности.

Важно е да се напомене дека последното зголемување на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 се реализира во време на најголема светска економска криза.

Со растот на минималната плата, следува зголемување на сите плати во сите сектори во период од шест месеци, согласно членот 8 од Законот за минимална плата.

Грижата за работниците не е само зголемување на платите, туку и унапредувањето на работничките права“, вели таа.