СДСМ: Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Мицкоски се плаши од Ковачевски

од Берта Китинска
287 прегледи

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира Ковачевски уште од првиот ден на неговиот избор.Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирањето на најголемата економско-енергетска криза, уште во првите 100 дена од мандатот резултираа со страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

-Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски.ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, Мицкоски е загубен, покажува немоќ и неспособност да дефинира основен политички став на било која тема важна за граѓаните.Тоа што Ковачевски како директор во Македонски телеком АД бил поканет и присуствувал на отворање на објектот на МНТ нема ама баш никаква врска со криминалот на ВМРО-ДПНЕ, велат од владејачката партија.