Анчелоти најверојатно ќе се пензионира по Реал

од Vladimir Zorba

Шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (62) изјави дека планира да се пензионира по ангажманот во „Кралскиот клуб“.

– После Реал Мадрид, најверојатно ќе престанам да работам како тренер, изјави Анџелоти во интервју за „Прајм видео“ и додаде: „Но, не знам колку долго ќе трае. Ако Реал планира да ме задржи уште 10 години, тогаш јас ќе бидам тренер толку долго“.

Италијанскиот фудбалски стручњак стана првиот тренер во историјата кој освоил титули во сите пет лиги: во Серија А со Милан, во Премиер лигата со Челси, во Лига 1 со ПСЖ, во Бундес лигата со Баерн и во Ла Лига со Реал Мадрид.

– Како ја гледам мојата иднина? Сакам да бидам со моите внуци и да одам на подолг одмор со сопругата. После тоа, има толку многу работи што би сакал да ги направам и за кои немам време во моментов. Никогаш не сум бил во Австралија или Рио де Жанеиро. Сега не ја посетувам сестра ми колку што сакам. За жал, не можете да постигнете се одеднаш, но кога веќе не сум тренер, тоа се работите на кои сакам да се посветам, заклучи 62-годишниот Анџелоти.

Слични содржини