Доколку се најдете во друштво на Девица, Бик и Јарец, не се шегувајте, бидејќи овие хороскопски знаци немаат смисла за хумор, велат астролозите.
– Ова се земјени знаци, па понекогаш им е тешко да разберат шега. Тоа не значи дека не сакаат да се забавуваат, само малку поинаку го разбираат хуморот. Често се случува она што им е смешно да им биде глупаво на другите – велат астролозите
ДЕВИЦА
Девиците имаат смисла за хумор, но не толку за да заборават на рационалната основа до која секогаш се држат. Како одговорен и аналитички знак, Девицата сигурно нема да инвестира време за да насмее некого.
БИК
Ова е земјен знак кој стои цврсто со две нозе на земја. Често се сериозни и намуртени и имаат смисла за хумор што само мал број луѓе го разбираат. Биковите, речиси по правило, имаат мало, но избрано друштво, па нема да ги видите како се обидуваат да ги насмеат оние што не ги познаваат добро.
ЈАРЕЦ
Кога целиот живот ви е посветен на работата и кариерата, тогаш навистина немате многу време за забава. За јарците парите се примарни, па затоа рационалните пресметки, одговорноста и посветеноста се нивните главни карактеристики. Затоа би се рекло дека ретко се смеат. Јарците се родени сериозни и затоа често забораваат како да се забавуваат поради посветеноста на обврските.