Пендаровски: Гоце Делчев е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи

од Берта Китинска
189 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 119-годишнината од неговата смрт.

Претходно, претседателот Пендаровски напиша на својот Фејсбук профил дека македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи.

-Денеска одбележуваме 119 години од смртта на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев.Тој не е само апостол на македонската револуција, тој е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи. Слава му!, напиша Пендаровски.