Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти повторно испиша историја. 62-годишниот струњак стана првиот тренер со 5 финалиња во Лигата на шампионите. Ова стана факт откако Италијанецот го предводеше „Белиот балет“ до победа од 3:1 над Манчестер Сити во реванш полуфиналето на турнирот и на тој начин го рангираше во битката за трофејот против Ливерпул во Париз.
Така, тој претекна во ова рангирање некои многу големи тренерски имиња како Марчело Липи, Сер Алекс Фергусон, Јирген Клоп и Мигел Муњоз, кои имаат по 4 финалиња. Италијанецот има освоено 3 титули на турнирот – 2 на кормилото на Милан (во 2003 и 2007 година), 1 на кормилото на Реал Мадрид (во 2014 година) и едно загубено финале (во 2005 година).
Пред само неколку дена Анчелоти постави уште еден рекорд со тоа што стана првиот тренер кој станал шампион во сите големи европски првенства – Премиер лигата, Серија А, Ла Лига, Лига 1 и Бундеслигата. Ова стана факт откако неговиот Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Шпанија по победата од 4-0 над Еспањол викендов.