Наместо да воведе нови автобуси и бесплатен автобуски превоз, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје си поднесе оставка, реагираат од СДСМ откако од Град Скопје информираа дека в.д. директорот на ЈСП Иван Илиевски му е истече мандатот.
Оттаму потенцираат дека оставката на директорот на ЈСП Скопје е втора оставка на директор на некое јавно претпријатие под ингеренции на Град Скопје во рок од само шест месеци.
-Очигледно дека и директорите на јавните претпријатија почнаа да бегаат од Данела Арсовска и нејзината неспособност.Толку од менаџерските способности на Арсовска.Прекинати проекти и партизација на градот е се што Арсовска „сработи“ во овие први шест месеци од нејзиниот мандат.Шест месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, таа и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, велат од СДСМ.