328
Возрасен маж го загуби својот живот во пожар што утрово се случил во повеќекатна зграда наречена „Пензионерска“ во Битола.
Од СВР-Битола соопштија дека зградата се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“.
Превентивно во зградата во тек е повеќечасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија, а пожарот избувнал на дванаесетти кат.
Во моментов на лице место на увид се екипи на СВР Битола и противпожрната единица, од каде што најавија дека во текот на денот ќе информираат подетално.