Џафери до припадниците на МВР: Бидете првата врата на која ќе тропнат граѓаните кога ќе се почувствуваат беспомошни

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Под мотото „МВР за граѓаните” и промовирајќи го концептот „Полицијата во служба на граѓаните”, денеска во Делчево се одржа централната прослава по повод Денот на македонската полиција, 7 мај. На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и други министри и претставници од Владата, претставници од амбасадите во РСМ, директори на полициите од земјите од регионот, пензионирани припадници на МВР, семејства на загинатите припадници на МВР, пратеници во Собранието, како и претставници на други институции.

Џафери упати честитки по повод празникот и апелираше до сите припадници на МВР, да бидат првата врата на која ќе тропнат граѓаните, првиот број на кој ќе се јават секогаш кога ќе се почувствуваат беспомошни и небезбедни.

– Затоа што е важно да се стекне и одржи високо довербата кај граѓаните, и да бидете пример за тоа што значи професионален полициски службеник во служба на граѓаните. Длабоко сум убеден дека заемната доверба и соработката низ останувањето на вистинската, праведната страна на законот, ќе придонесат да имаме побезбедни улици, подемкоратски и пооправенди институции кои по ништо нема да заостануваат зад високостандардните европски полициски сили. Собранието на РСМ ќе биде, како и досега отворено за ваши предлози, сугестии и законски измени кои ќе бидат во насока на подобрување на ефикасноста на МВР, во насока на подобрување на вашиот статус, порача Џафери.

Централната прослава и содржините спакувани во неа дадоа одлична можност и за дружење на граѓаните со припадниците од организациските единици на полицијата кое покрај забавниот има и едукативен карактер во врска со полициската професија, а во интерес на сите генерации.
Во градскиот парк во Делчево беше презентирана дел од опремата, ресурсите и вештините на припадниците на организациските единици на МВР, а најинтересниот дел беше за најмладите кои се дружеа најмногу за полицајците и имаа можност да се запознаат со изложената опрема и возила, додека повозрасните граѓани кои денеска беа присуни во градскиот парк се запознаа со потенцијалот и опремата што ја поседува македонската полиција.

Во културно-забавниот дел од прославата настапија фолклорните друштва од Делчево, „Копачка”, КУД „Гоце Делчев”, ФГ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров”, како и пеjачката група „Ѓурѓа”. На сцената, гимназијалката Сандра Марковска, која е првонаградена на литературниот конкурс со наслов „Безбедно детство”, ја прочита својата наградена творба. Свеченоста се заокружи со концерт на познатите македонски естрадни уметници Дац и Александар.

Слични содржини