288
Објавени се најновите сателитски снимки од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
Да потсетиме, оваа челичарница е последното упориште на украинските војници во тој разурнат град.
Снимките ги објави компанијата „Планет“, а се направени на 3 мај (насловна фотографија) и 4 мај (фотографија подолу). На фотографијата се гледа како чад се издига од неколку локации во фабриката за челик, која Русите со недели ја напаѓаат од воздух, море и од копно.