📽 ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ЛИБАН, објавени првите снимки

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, во објава на Х соопшти дека израелски воени авиони извршиле голем бран напади на либанска територија, пренесува „Ал Џезира“.

Армијата не даде повеќе детали за воздушните напади, додека либанските медиуми објавија дека биле погодени три села.

Нападите уследија неколку часа откако во нападите од правец на Либан беа ранети неколку луѓе во северен Израел.

Седум лица се ранети, од кои пет во градот Сафед, соопшти службата за итни случаи.

Медиумите претходно објавија дека израелскиот воен кабинет се состанал за да разговара за тоа како да одговори на силното гранатирање на Хезболах врз градот Сафед.

На социјалните мрежи кружат видеа од наводни воздушни напади на израелските сили врз Либан.

Слични содржини