Во Аеродром: Слушнал пукање, па почувствувал болка во грбот и раката

од Берта Китинска
281 прегледи

На 06.05.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(28) од Скопје пријавил дека во текот на минатата недела во дворот од зградата, додека бил заедно со пријатели, слушнал пукање од огнено оружје и почувствувал болка во раката и грбот, информираат од МВР.

Според пријавеното, на местото од каде се слушнало пукањето го забележал М.Т.(28) од Скопје и се сомнева дека тој пукал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.