Евакуирани од Азовстал: Беше страшно во бункерите, сè се тресеше

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Десетици луѓе кои беа евакуирани од фабриката за челик во Мариупол дојдоа во украинскиот град Запорожје. Неколкумина ги раскажаа тешкотиите на неколкунеделното тешко бомбардирање во големата мрежа на подземни засолништа во Азовстал.

„Беше страшно во бункерите“, рече Љубов Андропова (69), која била во Азовстал од 10 март.

„Вода истекуваше од таванот. Насекаде имаше мувла. Бевме загрижени за децата, нивните бели дробови“.

Гранатирањето беше постојано и имаше страв дека „бункерот ќе се урне… Сè се тресеше, но ние не излегувавме“, изјави таа за АП.

Јегор Чехонадски и неговото семејство, исто така, се засолниле во Азовстал на почетокот на март.

„Само сакам да живеам и да почнам од почеток… Сè што имам е тука“, изјави тој за „Ројтерс“, покажувајќи кон еден куп кеси до него.

„Секако дека сум пресреќен што сум во Украина“, додал тој.

Слични содржини