Предвремено родените бебиња евакуирани од болницата Ал Шифа пристигнаа во Египет

од Stefanija Kuzmanovska

Дваесет и осум предвремено родени бебиња кои беа евакуирани од болницата Ал Шифа во Газа денеска пристигнаа во Египет преку преминот Рафа.

Д-р Мохамед Салама, шеф на неонатологија во болницата „Ал Ахли Емиретс“ во Рафа, каде што беа евакуирани бебињата, изјави за Би-Би-Си дека не знае точно каде ќе бидат сместени бебињата во Египет.

„Комитетот на египетското министерство за здравство ќе ги прими и потоа ќе одлучи“, изјавил тој за Би-Би-Си.

Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) кој ја посети најголемата болница во Газа во саботата рече дека 32 бебиња се меѓу десетиците критични пациенти кои останаа во болницата, која беше нападната од израелските сили минатата недела.

Бебињата вчера беа евакуирани и се упатија кон преминот Рафа.

Слични содржини