Јордановски: Не ја сфаќам логиката ВМРО-ДПМНЕ да бара избори по секоја цена

од Nikola Popovski
335 прегледи

Непотребно е сега да се прави блокада на Собранието. Моментот е кога треба партиите максимално да соработуваат во услови на криза. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од некои причини мисли дека мора по секоја цена да изнуди предвремени избори. Не ја сфаќам логиката, меѓутоа ете тие имаат таква перцепција. Не гледам дека со блокирањето на закони и комисии нешто добиваат или граѓаните нешто би добиле. Мислам дека на ВМРО-ДПМНЕ не му е паметно во догледно време, вели новинарот Жарко Јордановски за денешниот почеток на блокадата на Собранието.

Според него, ако е целта да се почнат некои разговори, не е проблем да се разговара, дури и за предвремени избори.

-Партиите мора да имаат редовна комуникација за заеднички интерес за државата, за заедно да направат. Очигледно недоставува политичка култура за тие да комуницираат константно и тоа е проблемот, смета Јордановски во изјава за „Само вистина“.

Слични содржини