Петков е подготвен да направи историски потег, вели Халили

од Nikola Popovski
328 прегледи

Новата визија на Макрон е никаква. Само тој истакнува амбиција да се претстави пред светот дека е поборник на реформи. Тој во првиот мандат рече дека ЕУ е една куќа каде има недостиг на светилки, алудирајќи на реформите. На крај излезе дека малку е видлива неговата визија, смета претседателот на Амбасадорскиот совет, Мухамед Халили.

За спорот со Бугарија, Халили оценува во последната изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков се крие неговата решеност дека што и да се случи со него, тој е решен да каже ДА доколку се договориле со повисоките играчи на геополитичката сцена.

-Само времено зависи од него. Тој исто како Ципрас, добил еден условен мандат. Mожеби и Петков е спремен да заврши една жртва, да заврши еден проблем и да го симне ветото и да направи историски потег, рече Халили во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини