Христијан Мицкоски не се откажува од блокадите и деструкциите, се надева дека вештачки ќе создаде поличка криза и ќе придизвика штета врз граѓаните, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека и самиот Мицкоски вели дека процесот блокади и деструкции ќе биде долг, тој е среќен само тогаш.
-Но, и на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно дека нивните блокади нема да успеат.Вчера во Собранието пропаднаа нивните блокади, дневниот ред се изгласа, седницата продолжува.Освен што ја одолговлекуваа работата и дискусијата за дневен ред траеше цели два дена, ништо друго не постигна ВМРО-ДПМНЕ.На ист начин ќе пропаднат и следните најавени нивни блокади, велат од владејачката партија.