250
Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, на работната вечера што ја организираше во Брисел за лидерите од Западен Балкан, повтори дека е важно усогласувањето на заедничката надворешна и безбедносна политика „како централен елемент на европскиот пат“, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи.
Лидерите од Западен Балкан ја потврдија својата стратешка определба за европска интеграција и поддршка за регионалната соработка.
Борел ја поздрави целосната поддршка на партнерите од Западен Балкан во Генералното собрание на ОН за резолуциите во врска со руската агресија врз Украина.