СДСМ: Блокадите по налог на Мицкоски повторно ќе бидат поразени

од Берта Китинска
277 прегледи

Два дена им беа доволни на граѓаните да видат дека не успеа блокадата на Собранието.Пропаднаа обидите за деструкција од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ништо не се постигна, освен што се одолговлекуваше усвојувањето на дневниот ред, велат од владејачката партија.

Оттаму посочуваат дека два дена се потрошени на бесмислени предлози, но сепак дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работа.

-Таков е Законот за Финансиска стабилност во кој се прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и прифатено е нивното барање истиот да се разгледува во погорните точки на дневен ред, но и за нивниот прифатлив предлог гласаа против дневниот ред.Гласаа против и за Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, затоа што нивните заложби се декларативни, велат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека блокадите по налог на Христијан Мицкоски повторно ќе бидат поразени.