Гаши доби нов мандат: Алтернатива станува сериозните политички субјекти

од Берта Китинска
282 прегледи

Алтернатива му довери нов четиригодишен мандат на досегашниот претседател на партијата, Африм Гаши.

Гаши потоа имал обраќање во кое се заблагодарил за довербата од делегатите и членството на партијата.

„На демократски начин Конгресот одлучи да ми довери нов четиригодишен мандат. Тоа е огромна чест, истовремено и одговорност. Сакам ова да биде успешен мандат не само за активистите и гласачите на Алтернатива, туку и за сите граѓани. Алтернатива станува еден од најсериозните политички субјекти во државата, со намера да придонесе во севкупните политички процеси, како еден од најконструктивните, најотворените субјекти кои мислат државотворно и сакаат да дадат придонес за добробитот на сите граѓани”, изјави претседателот Гаши по завршувањето на Конгресот.

Слични содржини