Пендаровски по повод 16 Мај: Наша одговорност е да создаваме современи општества

од Берта Китинска
160 прегледи

Овој датум нè потсетува дека нема простор за кршење на човековите права, антициганизмот, дискриминацијата. Наша одговорност е да создаваме современи општества, промовирајќи ги човековите слободи и права, хуманоста и меѓусебното почитување, напиша на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски по повод 16 Мај, Денот на отпорот на Ромите.

-Денеска се потсетуваме на 16 мај 1944 година, денот на храбриот отпор на Ромите за време на Втората светска војна. Овој датум го означува нивното спротивставување на идеологијата на нацистите, како и борбата за живот. Вооружени со чекани, лопати и дрвени предмети, неколкуте илјади ромски затвореници, мажи и жени, се спротивставиле на планираното погубување од страна нацистите во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, наведува Пендаровски.