Песков: Влезот на Финска и Шведска во НАТО не ја зајакнува безбедноста на Европа

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Кремљ е загрижен поради одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО и не мисли дека нивното влегување ќе ја зајакне безбедносната архитектура во Европа, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Веќе кажавме дека за нас, се разбира, примарно прашање е она што најмногу го следиме. Има причина за многу длабока анализа на можните последици. Не мислиме дека влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе ја зајакне и подобри безбедносната архитектура на нашиот континент“, изјави Песков за новинарите, пренесе РИА Новости.

Приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО е прашање на сериозна загриженост за Русија, која внимателно ќе ги следи последиците од приемот на Финска и Шведска во НАТО во однос на безбедноста на Русија.

Слични содржини