Состојбата со ковид е стабилна, ќе се прави симулација на можна појава на петти бран

од Берта Китинска
256 прегледи

Состојбата е стабилна, линеарна, засега е мирно кажа денес министерот за здравство Беким Сали во врска со ковид 19.

Тој напомена дека Комисијата за заразни болести во периодот што следи ќе направи симулација за можна појава на петти бран на Ковид-19.

-Со опуштањето на мерките најавив дека псотковид периодот е значаен за сите граѓани и за здравствениот систем воопшто. Комисијата ќе продолжи со работа, не со истото темпо, но со планирање како да се справиме со постковид. Дали ќе биде еден објект во кој ќе се третираат сите посковид компликации или повеќе клиники за пациентите. Секако една од целите ни е симулација на можна појава на петти бран од Ковид – 19, кажа Сали.

Слични содржини