Хрватска: Постојано ја охрабруваме Бугарија да најде добро решение со С. Македонија

од Nikola Popovski
191 прегледи

Хрватска ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот европски пат и сметаме дека Северна Македонија и Албанија заслужуваат што поскоро да ги отворат преговорите за нивно пристапување во ЕУ, изјави хрватската државна секретарка Андреа Метелко Згомбиќ по состанок на министрите во склоп на седмиот по ред форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско – Јонскиот регион (EUSAIR), кој беше отворен денеска во Тирана.

На тој состанок била потпишана декларација со која се повикуваат земјите-членки да им дадат датум на Албанија и Северна Македонија за почеток на преговорите до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, за што не е сигурно дека навистина ќе се случи, а потписниците на декларацијата побараа и Босна и Херцеговина што поскоро да добие статус на земја кандидат.

„Не зависи од оваа иницијатива да одлучува кога ќе се одредат овие датуми, туку ќе се одржи состанок за партнерство со Западен Балкан. Постојано ја охрабруваме Бугарија да најде добро решение со Северна Македонија што ќе овозможи веднаш да се отворат преговорите“, рекла Згомбиќ.

Меѓу другото, таа додаде дека на средбата поттикнале реорганизација на раководната структура на јадранско – јонската стратегија, бидејќи е важно да има добри механизми кои ќе овозможат проектите да почнат да се реализираат.

„Идејата е малку да се распрсне управувањето со фондовите на начин што ќе биде поделен помеѓу, да речеме, Хрватска, Словенија и Италија“, додала таа.

Слични содржини