СДСМ: Дебакл на Мицкоски, пропаднатата блокада ја менува со протест за месец од сега

од Nikola Popovski
287 прегледи

СДСМ обвини дека „на опозицијата откако и пропадна деструктинвата идеја за блокирање на Собранието, невидените чекори кои ги најавуваше Мицкоски се сведоа на еден протест за еден месец од сега“.

-Ако на Мицкоски му е потребен еден месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми кои ги има за да си ја зачува сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до изборите, тоа прашање е затворено. Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби.

СДСМ уште еднаш посочува дека било какви деструктивни идеи за блокада на државата нема да успеат и повторно ќе бидат поразени, соопштија вечерва од партијата од „Бихаќка“.