Непочнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија е подарок за Путин, изјави високиот претставник за безбедност и надворешни работи Жозеп Борел по завршувањето на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, на кој беа вклучени и првите дипломати од Западен Балкан.
Според Борел, преговорите со Скопје и Тирана мора да почнат веднаш, пред крајот на француското претседателство, кое истекува на крајот на јуни.
Борел смета дека сегашната ситуација е штетна не само за двете земји, туку и за ЕУ во целина.
„Европскиот совет ќе продолжи да врши силен притисок за надминување на отворените прашања меѓу Софија и Скопје и укинување на ветото на Бугарија. Ако тоа не се случи пред крајот на француското претседателство, ќе дојде до криза во односите ЕУ-Запад Балкан“, рече Борел.
Ставот на Бугарија останува непроменет, изјави во Брисел министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.
Според неа, за Скопје не е доволно само да го промени својот Устав.