СДСМ: Историското покачување од 21 отсто на платите во образованието го збуни Мицкоски

од Берта Китинска
195 прегледи

Со постигнатиот договор платите во образованието ќе се зголемат за 15 отсто што е рекордно зголемување на платите во овој сектор.Претходно, во три наврати СДСМ ги зголеми платите за вкупно 21 отсто, со што кумулативно, за само пет години платите во образованието ќе пораснат за 36 отсто,велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека ова рекордно покачување и постигнатиот договор со СОНК, го буни Христијан Мицкоски.

-Ова е лицемерна изјава на Мицкоски, особено ако се знае дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието се заголемија за едвај четири отсто.Покачувањето на платите беше договорено со Синдикатот низ социјален дијалог и срамно е тврдењето Мицкоски дека Владата или која било друга институција ги понижувала и навредувала наставниците и професорите.Понижување и навреда за нивната благородна професија е односот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години ги уценуваше и малтретираше наставниците, го потценуваше нивниот труд, велат од СДСМ.