Обрадовиќ: Надминат е речиси единствениот спор со Македонците

од Nikola Popovski
360 прегледи

Претседателот на српското движење Двери, лидерот на Патриотскиот блок, Бошко Обрадовиќ, синоќа во емисија говорел за помирувањето на српската и македонската црква.

На прашањето дали е изненаден од одлуката на Српската православна црква да ја признае Македонската православна црква, Обрадовиќ рече дека со оглед на тоа што расколот меѓу овие две цркви трае повеќе од 50 години, таа одлука изгледа неочекувана.

„Нема сомнеж дека на ова му претходеа сериозни црковни и дипломатски активности. Неговата Светост патријархот Порфириј, очигледно, во неколку наврати се сретнал со врвот на македонската црква и сето тоа е добро подготвено. На Саборот имаше одлука, која немаше да биде возможна доколку не беше добро подготвена“, рече тој на почетокот и се осврна на церемонијата од пред неколку дена кога Српската православна црква ја прослави 100-годишнината од обединувањето на Српската патријаршија.

„Тоа е можеби еден од најважните настани на кои присуствував, по симболично значење и значење на тој јубилеј. И, навистина, обединувањето на сите српски црковни окрузи, што се случи во 1920 година, е еден од најважните настани, не само за српската црква, туку и за српскиот народ воопшто. И на величенствен начин се прослави во прекрасното Сремски Карловци. А само неколку дена потоа, еве го овој настан, практично, обновувањето на канонското, литургиското и севкупното единство со Македонската православна црква, а преку тоа и со македонскиот народ и држава. Ова е еден од ретките спорови што ги имаме со Македонците, кој е надминат на овој начин. Ова е добра вест и зборува за фактот дека на еден начин Црквата ја води Патријархот Порфириј, кој се грижи за единството, се грижи за хармонијата и се грижи за некои вистински христијански вредности“, потенцирал српскиот политичар.

Слични содржини