Дигиталната трансформација на општеството е неминовна, бидејќи механизмите што дигиталните алатки ги даваат за функционирање на општеството овозможуваат да имаме јавна администрација која ќе биде ефикасен сервис на граѓаните. Дополнително, на тој начин физичкиот контакт помеѓу барателот и давателот на услугата е сведен на минимум, а со тоа се намалува можноста за корупција, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во вечерашното гостување за Дневникот на ТВ „Сител“.
Таа посочи дека со дигиталната трансформација ќе се обезбеди транспарентност и отчетност.
-Тоа се покажало како успешно и во поразвиените држави, кои се понапред со процесот на дигитализација. Да немаме илузии дека ќе ја сведеме корупцијата на нула. Таа појава постои и во високоразвиените земји, но факт е дека една од добрите алатки која е дел од добрите политики владеење“, оцени вицепремиерката Грковска.
Таа информираше дека нејзиниот Кабинет има координативна улога во овој процес, во кој се работи на обезбедување на основната алатка за успешна дигитализација, а тоа е електронска лична карта.