281
Колони возила утрово на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција .
Гужвата e поради убавото време и „продолжениот викенд“ за македонските граѓани поради претстојниот празник, но и од самиот факт што нашиот јужен сосед ги олабави правилата за влез во земјата.
Министерот за здравство, Танос Плеврис, пред извесен период најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летото.
Невакцинираните ќе можат слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест.
Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест.
ФОТО: Локално