313
Нема да го укинеме ветото за С. Македонија, изјави Вицепремиерот на Бугарија, Асен Василев за БТВ.
Тој ја поддржа идејата на премиерот Кирил Петков во неговото барање претседателот Румен Радев да го свика Советот за безбедност на кој ќе присуствуваат сите политички лидери и раководители на служби и да го потврди ставот на Бугарија.
„Нашиот став останува непроменет. Инсистираме на почитување на договорот“, додаде тој.
Бугарија е под огромен притисок да го смени ставот, но бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска постојано уверуваше дека земјата нема да отстапи се додека бугарската позиција не биде прифатена од Скопје.