Асен Василев од партијата на Петков ќе биде нов кандидат за премиер на Бугарија

од Nikola Popovski

Поранешниот бугарски вицепремиер и министер за финансии Асен Василев ќе биде кандидат за премиер на Бугарија на партијата „Продолжуваме со промените“ (ПП) . Оваа информација за бугарски „24 часа“ ја потврдиле извори од партијата.

Името на новиот кандидат за премиер денеска треба да го соопшти поранешниот претседател на бугарската влада, Кирил Петков преку видео порака.

-Првичната верзија вклучува целосна реконструкција – Василев доаѓа на премиерското место, а Кирил Петков ќе стане вицепремиер и министер за финансии. Сепак, вториот дел од „рокадата“ сè уште не е целосно сигурен. ПП продолжува да тврди дека освен со досегашните партнери од БСП и ДБ, за поддршка ќе преговараат само со независни пратеници, стои во текстот на „24 часа“.

Слични содржини