СДСМ: Владата изгради 69 градинки, предвидени се уште 13 до крајот на годинава

од Nikola Popovski
184 прегледи

Елена Устамитова, претседателка на комисија за труд и социјална политика на СДСМ денеска информира дека за само пет години Владата предводена од СДСМ успеа да изгради, реконструира и догради 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца во градинките се зголеми за 4.300 дечиња.

Таа појаснува дека до крајот на годинава предвидено е отворање на 13 нови објекти на детски градинки со капацитет за 1.360 деца.

-Денес во некои општини градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не отвораат веќе изградени градники а пример за тоа е градинката во Волково, во општина Ѓорче Петров. Покрај зголемување на просторните услови, Владата предводена од СДСМ инвестира и во зголемување на платите на персоналот во градинките. За пет години платите на негувателките и воспитувачките се зголемија за 21 отсто, додава Устамитова.

Според неа, ова се примери на вистинска грижа за детската заштита кој е еден од клучните сектори за идниот развој на едно општество.