Најпознатиот фудбалски трофеј пристигна во Скопје

од Nikola Popovski

Трофејот од Светското првенство во фудбал денеска пристигна во Скопје. Во земјава беше донесен од поранешниот бразилски фудбалер, Жилберто Силва, кој заедно со претседателот Стево Пендаровски беше претставен во управната зграда на скопска „Пивара“.

-Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ. Доаѓањето на славниот трофеј меѓу македонските навивачи и вљубеници во фудбалот, во присуството на бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва е фудбалска историја, објави претседателот Пендаровски.

Пехарот е на турнеја низ светот пред стартот на Мундијалот кој ќе се органира во Катар во периодот од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

Слични содржини