Шутаров: Секретарот на Град Скопје незаконски зема две плати, веднаш да си поднесе оставка

од Nikola Popovski
290 прегледи

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ незаконски го именуваат за Секретар на Градот Скопје, Ѓоко Велковски кој што истовремено е и член на Советот на Општина Чаир, непосредно избран од страна на граѓаните на последните Локални Избори, изјави денеска на прес-конференција Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Притоа додава дека Велковски зема и две плати, една од 50.000 денари како секретар и уште една од околу 18.000 денари како Советник.

-Ова не е само неетички, туку е и спротивно на чл.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси , каде во ставот 2 се вели: Функцијата претседател на државата, претседател на Владата, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието, Владата или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга, истакна Шутаров.

Советникот во Град Скопје побара ДКСК да постапи по случајот и секретарот на Град Скопје да си даде оставка од позицијата.

Слични содржини